523
Синоќа по полноќ, вработен во ЈСП бил пријавен дека ги нападнал двајцата колеги, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„На 18.12.2022 во 00.30 часот во СВР Скопје, И.Б.(54) од с.Арачиново, скопско и З.Ј.(48) од Скопје, двајцата вработени во ЈСП, пријавиле дека во кругот на ЈСП биле физички нападнати од нивниот колега З.Г.(56) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.