Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“

by Fokus

И вработен во Финансиска полиција бил осомничен за криминал во случајот „Државна лотарија“.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска, денеска на собраниска седница изјави дека лице од Управата за финансиска полиција е уапсено поради злоупотреба на буџет во случајот „Државна лотарија“.

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, за МИА потврди дека постои поврзаност на лице од институцијата со случајот.

Поврзани новости