Врабевски откри зошто не доаѓа во Скопје на чествувањето на раѓањето на Делчев

by Fokus

Финансиерот на бугарските клубови во Битола и Охрид, бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, нема да дојде во сабота во Скопје, на организираното чествување на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Тој ова го изјави во емисијата ,,Повеќе од денот” на Бугарската национална телевизија (БНТ), одговарајќи на прашањето на новинарката, каква е неговата прогноза за она кое ќе се случува на 4-ти февруари, за време на одбележувањето на годишнината на Гоце Делчев во Скопје.

-Јас не одам по родендени, било да се на големи револуционери. Мене ќе ме познаете по делата! Имам план за инвестиции, инвестирам во образование, во интеграција по европски модел на бугарската дијаспора, културно наследство… Ние сме убедени дека сме на вистинскиот пат, јас ќе продолжам по таа насока, затоа што децата од двете страни на границата треба да се блиски и да нема конфликти помеѓу нив – изјави тој.

Го прокоментира и откажувањето на бугарската театарска претстава ,,Вражалец”, чиј финансиер е, а која беше најавена во театри во Македонија, а потоа откажана.

-Во една поранешна Југословенска структура секогаш има поединци на кои не им се допаѓа улогата на интеграцијата. Да ги игнорираме и да продолжиме напред. Од мене како инвеститор се очекува да бидам активен на територијата на оваа држава во филантропски манир – кога има потреба да се помогне некоја иницијатива, јас да бидам на линијата, посебно кога таа е во поддршка на евроинтеграцијата- изјави Врабевски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости