Бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, кој стои зад отворањето на клубовите ,,Иван Михајлов,, во Битола и Цар Борис Трети во Охрид, ќе им плател петдневен престој на деца од Битола во Софија, со цел да се развива пријателството и добрососедството помеѓу двете држави.
Како што објави бугарска БТА, фондацијата Бугарска меморија, на чие чело е Врабевски започнува со кампања ,,Од двете страни на границата”.
Во рамки на кампањата, фондацијата ќе го претставела својот модел за подобрување на односите помеѓу Македонија и Бугарија, односно бизнисменот ќе го финансирал петдневниот престој во Бугарија на ученици од битолското ликовно студио ,,Свети Кирил и Методиј”.
Детското ликовно студио ,,Свети Кирил и Методиј,, е познато како организатор на колонијата ,,Мал битолски Монмартр”.
Според објавата во бугарскиот медиум, за време на посетата, битолските ученици ќе имаат разни активности, образовни лекции и многу забава.
Нивни цртежи на тема ,,Од двете страни на границата” ќе биле претставени пред народните претставници во Собранието.
Исто така, потсетуваат дека пред еден месец македонски ученици беа во дводневна посета на Бугарија на покана на фондацијата на Врабевски. Во бугарските медиуми, учениците беа претставени како истомисленици на бугарскиот клуб ,,Иван Михајлов”.
Вики Клинчарова