На социјалните мрежи кружи видео од тинејџер се полеа со бензин, го запали и скокна во река.
Бизарната и луда сцена е фатена на камера, а јасно е дека момчето е опкружено со луѓе (меѓу кои и деца) кои го бодрат.
Човек по име Џебедаја Линкер на Твитер објави дека се работи за негов роднина, кој е „жив и здрав“ и изненадувачки не добил „обемни изгореници“.
My cousin is an animal. Highschool was a bit softer back in my day. pic.twitter.com/tcpIKD6Bim
— Jebediah Lincler (@TheRealLinkl3r) December 23, 2023
Останува нејасно зошто решил да направи толку опасна работа, а откако излегол од водата, една девојка го прашала „жив ли си?“.
Тинејџерот се качил на оградата на пристаништето и грабнал запалка, а огнот веднаш го зафатил горниот дел од телото, вклучително и главата. Не носел ништо друго освен шорцеви за капење, пишува Дејли мејл.
Dečko se zapalio i skočio sa mosta….. https://t.co/E8HxiejIm5 pic.twitter.com/APs3cMsPMI
— Arsil (@arsagarson) December 28, 2023
Корисниците на социјалните мрежи шокирано ја гледаа сцената, а еден од нив напиша: „Ова е најглупавата работа… како луѓето дозволуваат да бидат искористени вака“.