(Вознемирувачко видео) Руски војници извлекуваат Украинци од ровови па ги стрелаат

by Fokus

На социјалната мрежа Телеграм се појави видео, на кое се гледа како руски војници убиваат седум украински воени заробеници.

Ова го натера регионалното обвинителство да отвори истрага според членот за прекршување на законите и обичаите на војната, соопшти главното обвинителство на Украина.

На видеото, направено со дрон, може да се види дека неколку лица, најверојатно украински војници, се заробени, а потоа убиени.

Украинскиот проект OSINT „DeepState“, кој беше меѓу првите што го објави видеото, напиша дека војниците се чини дека се од 92-та јуришна бригада на Украина.

Ве предупредуваме дека видеото содржи вознемирувачка содржина.

Украинските обвинители соопштија дека видеото првпат се појавило на 24 февруари, на втората годишнина од целосната руска инвазија.

Според одделот, руски војници убиле невооружени украински затвореници откако упаднале на позициите на украинските вооружени сили меѓу селата Иванивск и Хромово во близина на Бахмут.

Поврзани новости