(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Донарума му ја скрши ногата на Мусијала, играчите на Баерн и ПСЖ во шок

by Fokus

Во четвртфиналето на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн, се случи страшна ситуација во која Џамал ​​Мусијала заработи скршена нога.

Младата ѕвезда на Баерн, воедно и најскапиот играч на овој тим, заработи ужасна повреда во последните секунди од првата половина од четвртфиналето на Светското клупско првенство.

Во борбата да ја добие топката во противничкиот шеснаесетник, Мусијала беше соборен одзади од голманот Џанлуиџи Донарума. Немаше намера, но италијанскиот голман беше невнимателен и падна со целата своја тежина на ногата на Мусијала.

Следаа ужасни сцени и ако се суди според погледите на сите гледачи и фудбалерите на теренот, Мусијала заработи тешка скршеница.

Самиот Донарума плачеше откако виде што му направи на противникот, а ситуацијата беше тешка за сите играчи.

Првото полувреме од натпреварот заврши без голови. На крајот од полувремето, голот на Упамекано беше поништен поради офсајд.

Поврзани новости