На социјалните мрежи протекоа вознемирувачки фотографии од колежот кој се случи во Зоолошката градина во Скопје.
Потоци од крв низ дворот на импровизираната кланица, исечени бутови од коњи, нафрлано месо на куп се гледа на фотографиите.
На фотографиите се гледа и алат со кој „касапите“ од зоолошка се служеле за да ги убијат и расечат коњите.
Од МВР денеска информираа дека ќе биде поднесена кривична пријава против директорот на Зоолошката градина и уште петмина вработени.
-Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Одделението за криминалистички работи Карпош вчера во 18 часот, привеле пет лица, и тоа Д.М.(25), А.М.(43), М.Х.(45), В.Г.(46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З.Р.(44), надворешен соработник.
Оттаму појаснуваат дека вчера биле приведени пријавените.
-При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, информираа денеска од МВР, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина.