Вознемирен граѓанин барал средба со Филипче, обезбедувањето повикало полиција

by Fokus

Обезбедувањето на Министерството за здравство утринава викнало полиција затоа што вознемирен граѓанин на скалите од зградата со повишен тон барал да се сретне со министерот за здравство Венко Филипче, пренесува Слободен печат.

-Рече дека не го примале во болници, па бараше помош. Не дојде до никаков напад, обезбедувањето се вознемирило и повикало полиција превентивно. Граѓанинот дојде со документи и бараше помош за здравствена состојба. Јас го примив, поразговаравме, го упатив каде да оди, си имаше мака, му дадов телефон да ме бара и подоцна да видиме што ќе направи во болница, изјави рече Филипче.

Поврзани новости