950
Денеска околу 9.30 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип – Кочани кај село Крупиште во која учествувало возило на Итната помош од Здравствениот дом Кочани и камион, потврдија за „Слободен печат“ од СВР Штип.
Повредени се возачот на итната помош, медицинска сестра и болен од ковид-19 кој требало да биде пренесен во болницата во Штип.