Возило на АРМ, дел од НАТО-КФОР во Косово излета од пат, возачот не е повреден

by Fokus

Возач на воено моторно возило вчера, поради слаба видливост и лизгав коловоз, изгубил контрола и излетал од патот во канал за наводнување, информираат од канцеларијата за односи со јавноста во Генералштабот на Армијата.

Во сообраќајката, додаваат од Генералштабот на Армијата, била причинета незначителна материјална штета на возилото, односно имало само скинати гуми. Немало никакви последици по возачот.

Возилото било на извршување на доделените задачи во рамки на операцијата на НАТО-КФОР во Косово.

„Како дел од стандардните оперативни процедури, со поддршка на италијанскиот контингент во чиј состав ги извршуваме задачите во Регионалната команда – запад, моторното возило е извлечено и транспортирано до базата каде што по неопходна интервенција ќе биде повторно вклучено во извршување задачи во склоп на мисијата“, се додава во соопштението од ГШ на АРМ.

Поврзани новости