49
МВР информира дека вчера во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, во близина на надвозник Глумово, патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Е.А. од Скопје, излетало надвор од коловозот, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Ш.(18) од с. Ласкарци, Скопско, а со телесни повреди се здобила и возачката Е.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.