526
Вчера попладне се случила сообраќајна незгода, откако патничко возило излетало од патот помеѓу Претор и Асамати кај Ресен.
„На 07 јули околу 15.45 часот на локалниот пат помеѓу туристичка населба Претор и туристичка населба Асамати во Ресен, патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С(64) од с.Горно Крушје, ресенско, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.Т.(62)од Ресен, кој бил пренесен во болницата во Ресен. Додека, возачот и други двајца сопатници – Р.С.(37) и малолетник, двајцата од Швајцарија, се здобиле со телесни повреди. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен“, велат од МВР.