Возила на воената полиција и од кабинетот на Шекеринска биле вчера пред Белата палата, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Што бараа синоќа возила од воената полиција и од кабинетот на Радмила Шекеринска пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, прашуваат од партијата. Од таму и денеска тврдат дека седиштето било вчера под полициска опсада со цел да се изврши притисок врз партиското членство.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, вели дека меѓу припадниците на полицијата имало и сомнителни лица.

-Знаеја дека не бараат никого во штабот, целта беше да се врши притисок и да се заплашува. Пред седиштето имаше возила на воената полиција и од кабинетот на Шекеринска, од Министерството за одбрана. Шекеринска и Спасовски да одговорат што бараше воената полиција. Дали беа праќани луѓе од обезбедувањето на Шекеринска да учествуваат во притисокот на партијата и членовите? – праша Арсовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат народниот правобранител да поведе постапка за, како што велат, матретирањето врз семејството на Груевски, и малтретирањето врз генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

-Кои ги извести медиумите за чекорите на полицијата? За ова некој мора да одговара и да си даде оставка – рече Арсовски.

Поврзани новости