Во пресрет на празниците 1 Мај и Велигден, се очекува зголемување на фрекфенцијата во сообраќајот, патувања на подолги дестинации, излети во природа и дружења со семејството и пријателите. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ви ги честита празниците и упатува апел за внимателно и совесно учество во сообраќајот.
Со цел зачувување на безбедноста на секој учесник во сообраќајот РСБСП советува:
почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација,
користете сигурносен појас, возете одморени и правете почести паузи, особено кога патувате на подолги дестинации,
не управувајте со моторно возило доколку сте под дејство на алкохол,
возете со технички исправно возило,
прилагодете ја брзината според условите на патот и одржувајте безбедно растојание од другите возила,
не зборувајте на мобилен телефон додека возите,
внимавајте на секој учесник во сообраќајот.
Возете внимателно и одговорно! Безбедноста на секој учесник во сообраќајот е заедничка грижа. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!
ПР