Возела велосипед, ја удрил со кола, 42-годишната жена веднаш починала

by Fokus

Вчера вечер околу 19.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот Р.П. од село Славеј, прилепско, удрил во велосипед управуван од 42-годишната А.Ц. од Прилеп, извести МВР.

„Од здобиените повреди на местото починала А.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додаваат од МВР.

Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Поврзани новости