348
МВР информира дека 26 годишна девојка е тешко повреден по сообраќајка во Струмичко.
„На 17.08.2023 во 07.10 часот во СВР-Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, на делницата од с. Ново Село до с. Сушица, Б.С.(26) од с. Ново Коњарево, управувајќи патничко возило „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото излетал надвор од коловозот.
По несреќата Б.С. била пренесена во Медицински центар Струмица каде и биле констатирани тешки телесни повреди“ – информираат од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од СВР-Струмица.