Во хрватскиот град Карловац 50-годишен маж со 4,2 промили алкохол во крвта управувал автомобил со карловачки регистрации и покрај тоа што добил забрана за управување со моторно возило Б категорија, извести тамошната полиција.
Возачот бил исклучен од сообраќај и сместен во полициската станица во Карловац додека не се отрезни.
Поради сторен прекршок ќе биде санкциониран согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Игор Салопек, лекар и раководител на Интегративниот центар за ментално здравје, за „Хина“ изјавил дека полицијата со ваквите постапки спасува животи бидејќи возачот во алкохолизирана состојба е потенцијален убиец на другите учесници во сообраќајот, односно на самиот себе.
„Да имав 4,20 промили алкохол во крвта, веројатно би бил мртов, а во најдобар случај би завршил во шок соба, како и повеќето други, но некои развиле толеранција кон алкохолот, па дури и седнете зад воланот, што не значи дека сте способни за возење, особено не на безбеден и одговорен начин“, коментира Салопек.
Тој објасни дека повеќето луѓе со четири промили алкохол во крвта престануваат да дишат и умираат.