Низ градските улици и булевари на Тетово вчера вечерта со помош на ноќен радар на Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај откриени се откриени и законски санкционирани вкупно 42 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Еден од возачите достигнал и 142 километри на час во населено место, односно во влезот на Тетово.
-Вчеравечер од 20 часот и 30 минути до 23 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спровеле контрола на брзината со која се движат возилата во населено место. При тоа, со користење на таканаречениот „ноќен радар“ биле откриени и законски санкционирани вкупно 42 пречекорувања на максимално дозволената брзина, од кои 10 за повеќе од 50 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и пет други видови прекршоци, инфомира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.