Воздухопловните единици на МВР на европски ранг, столб на државата во спасувачки мисии и пожари

by Fokus

Одделот за воздухопловни единици при МВР оваа година ќе одбележи 55 години од своето формирање, како една од најелитните единици при МВР и е синоним за заштитата на народот, поредокот, сигурноста и безбедноста на граѓаните и државата, столб на државата во спасувачки мисии и заштита од пожари.

Одделот за воздухопловни единици е лоциран во Идризово каде се наоѓа и базата на Хеликоптерската единица за полициски намени. Од таму оперира целиот персонал. Но, сликата денеска, и онаа пред 2015 е многу поинаква. Во изминатите години МВР вложи особени напори и средства за да го донесе одделот на ниво на европски ранг, интервенирајќи во инфраструктурни инвестиции и човечки капитал.

Ако во 2015 имаше само еден воздухоплов кој беше во пловна состојба, денеска сите воздухоплови се во пловна состојба. Извршен е детален сервис на сите летала за да можат да бидат во добра состојба при летењето, да бидат функционални што е основата за постоењето на Одделот.

Во 2018 извршена е целосна реконструкција на зградата на Центарот за обука во Идризово. По цели пет децении подобрени се условите во Управната зграда со мензата, два павилјони за сместување и школски објект со придружните објекти, спортската сала, во вкупна вредност на градежните активности над 180 милиони денари.

По повеќе години стагнација и незаинтересираност за оваа Единица, набавена е опрема која што е потребна за пилотите и за другиот технички персонал кој работи во Единицата. Направен е и сериозен напредок во однос на ремонтирање или сервис на постојните воздухоплови.

Единица се користи во сите прилики каде што има потреба од брза интервенција, брза реакција, спасување на човечки животи, пожари, за полициски намени кога е потребно, а се користи за детектирање и спречување на масовна сеча на шуми како новитет во работењето кој дава исклучителни резултати. Резултатите се постигнати благодарение на зголемените човечките капацитети на овој Оддел и со вработување на нови професионалци во делот на пилоти и технички пероснал.

„Порано бевме единица која беше зависна од други институции, да ни помагаат во одржувањето, сега ние сме институција која дава помош на други институции. За првпат се набави опрема и се изврши обука на летечкиот персонал за гаснење пожари и тоа го направивме на три хеликоптери на најсовремен начин. Оваа единица и тој летечки персонал станаа столб на заштитата од пожарите. Имаме министерство коешто се состои од исклучително подготвен Оддел за специјални полициски операции и коешто успеа целосно да го обнови и консолидира Одделот за воздухопловни единици – за првпат воведовме можности за гаснење пожари од страна полициските воздухоплови, за првпат успеавме да поставиме систем за медицински транспорт со Медикоптер, рече министерот Спасовски при одбележувањето на 54 годишнината на Одделот.

– Во 2021 година во функиција на гаснење пожари ставени се три хеликоптери, Бел-412 и Бел-212, како и Бел-206, оспособени за гаснење на пожари, кои се дел од Хеликоптерската единица при МВР. Во минатото Одделот за воздухопловни единици при МВР немал можност да учествува или да помогне во гаснењето на пожарите поради тоа што немал опрема.
„Ние сега имаме опрема за 3 хеликоптери, со обучен кадар, кои што учествуваат и кои што оваа година дадоа најголем придонес во гаснењето на пожарите. Тоа е, исто така, опрема која е набавена со лични средства“ – рече Спасовски.

Во 2023 хеликоптерите изгаснаа 33 пожари, со 110 часа налети и исфрлени биле над 1.000 тони вода.

– 2023 беше доста интензивна година. Од јуни наваму учествувавме во гаснење на 33 пожари, со околу 110 часа налети на трите хеликоптери на Одделот, при што исфрелени се над 1.000 тони вода, што е солиден успех со оглед на тоа дека Единицата е релативно брзо оспособена за ваква проблематика”, истакна Началникот на Одделот за воздухопловни единици Ненад Алексовски, додавајќи дека доколку Одделот биде подготвен како што бил 2023, без проблем може да одговори на било каков пожар, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и нивните три оперативни авиони.

За првпат годинава во февруари со медиокоптер од Македонија во странство е транспортиран пациент. Благодарение на Договорот за донација што го направи МВР со Р. Словенија, Македонија за првпат еден доби хеликоптер опремен со медицинска опрема за транспорт на повредени, болни лица. Може да пренесуваме лица до Скопје и од Скопје во другите медицински центри, што е исклучително важно и е за првпат од постоењето на Единицата до денеска.

„Обезбедуваме целосна медицинска опрема која ќе се монтира во еден од овие воздухоплови со кои ќе може да пренесуваме лица до Скопје и од Скопје во другите медицински центри, што е исклучително важно и е за првпат од постоењето на Единицата до денеска. Сакаме да покажаме дека навистина постои капацитет и тој капацитет го ставаме единствено во функција на граѓаните и државата“ – потенцираше Спасовски.

Хеликоптерскта единица за полициски намени, сама или во содејство со припадници на специјалнмите единици во периодот од 2017-2021 учествувала во над 20 успешни спасувачки акции. Одделот за воздухопловни единици зел активно учество во 23 вежби во истиот период, директно соработувајќи со Противпожарната служба на Град Скопје, Кавадарци, други единици на МВР, ЦУК, АРМ, ДЗС, МНАВ, НАТО, Затворската полиција како и во меѓународна цивилна вежба на НАТО со која се оценуваше подготвеноста на нашата држава, за која бевме оценети со највисока оценка.

 

Поврзани новости