404
Се чини дека возбудливата љубовна приказна на Европејците и Украинците е при крај, оценува заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев
-Европејците повеќе не ги сакаат Украинците, уморни се од нив. Гневните Полјаци се потсетија на нивниот луд национализам. Тие гласно потсетуваат на речиси четири милиони Украинци, кои се населиле во нивната земја, напиша Медведев на својот Телеграм канал.
Како што пренесува Спутник, тој додал дека „слични процеси се случуваат и во други европски земји, кои започнале „љубовни игри“ со Киев“.
Медведев изјави дека од украинофилија до украинофобија е само на еден чекор.