Возачот загинал на лице место, а тешко е повредено дете- МВР со детали за сообраќајката кај Кичево

by fokus

Од МВР излегоа со детали за тешката сообраќајка што ноќеска се случи на патот Кичево-Охрид.

-На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот. Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево, информираше СВР Охрид.

Поврзани новости