568
Возачот на автобусот, во кој вчера загинаа 10 лица, а над 40 се повредени во близина на Славонски Брод, денеска ќе се појави пред Државното обвинителство на Хрватска, осомничен дека предизвикал сообраќајна незгода, за што максималната казната изнесува до 15 години затвор.
Досега е утврден идентитетот на осум загинати лица, додека постапката за утврдување на идентитетот на уште двајца загинати продолжува. Возачот доби кривична пријава поради сомнеж за предизвикување сообраќајна несреќа, а потоа тој ќе биде предаден на државното обвинителство во Славонски Брод за понатамошна постапка.