Сај Варшит Кандула (19), кој во понеделникот намерно удри со својот камион за изнајмување во ограда во близина на Белата куќа во Вашингтон, и изјавил на полицијата дека им се восхитува на нацистите и дека сака да ја „зграби власта“, покажуваат судските записи.
Тој рекол дека е подготвен да ги убие американскиот претседател Џо Бајден, потпретседателката Камала Харис и нивните семејства и да ја „освои власта“, а, како што навел, нападот го планирал 6 месеци.
Возачот изнајмил камион „U-Haul“ во понеделникот вечерта, а околу 21:35 часот, возилото го упатил на тротоарот пред Белата куќа и удрил во метална преграда, северно од Белата куќа, се вели во извештајот на Тајната служба поднесен во Федерален окружен суд во Вашингтон.
#BREAKING 🚨 UHAUL truck rams into security barrier outside White House in Washington, DC. The truck collides into security barriers outside White House. bomb squad is currently checking the vehicle.
(If you look closely though it seems to hit… Nothing…. Brace for America is… pic.twitter.com/xtnGv3p7Uq
— Wall Street Apes (@WallStreetApes) May 23, 2023
Кандула е обвинет и за грабеж на имот во Соединетите држави во износ поголем од 1.000 долари. Кога агентите на Тајната служба го прашале Кандула за знамето со свастика што го извадил од ранецот, тој наводно рекол дека го купил преку Интернет затоа што нацистите „имаат голема историја“ и го опишал Хитлер како „силен лидер“ на кој му се восхитува, се вели во судскиот документ.
„Возачот рече дека се восхитува на нивната авторитарна природа, евгеника и единствен светски поредок. Неговата цел беше да влезе во Белата куќа, да ја преземе власта и да стане шеф на нацијата“, пренесува NBC News повикувајќи се на извештајот.
Кандула се појави во Врховниот суд на Вашингтон во вторникот и се очекува да го има своето прво појавување пред федералниот суд денеска попладне.
Возачот на камионот се соочува со повеќе обвиненија, вклучително и закана дека ќе го убие американскиот претседател, соопшти американската полиција.
Покрај тоа, тој се соочува со обвиненија за напад со опасно оружје, незаконско навлегување во приватна сопственост, уништување на федерален имот и опасно управување со возило.