Раководството на ЈСП е виновно за инцидентот на автобусот кај „Мавровка“ бидејќи не ги сервисира автобусите и на тој начин ги доведува во опасност вработените.
Ова денеска го изјави претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) – Марјан Ристески.
– Инцидентот вчера се се случи бидејќи не бил исправен воланот, се закочил и благодарение на присебноста и искуството на возачот не дојде до поголема несреќа. За овој автобус како и за други се пријавувало дека се неисправни, но не се сервисираат. Замислете, овој автобус пред неколку дена возел до Водно“ – рече Ристески.
Возачот Ферзи Арифи кој вчера го возеше автобус на линијата број „2“ кој се качи врз жардиниерите близу трговскиот центар „Мавровка“ вели дека постојано возат неисправни автобуси.
– Ни даваат да возиме неисправни автобуси, се закочи воланот – тврди Арифи.
Новиот директор на ЈСП, пак, Драги Кушовски, ги обвини за ширење шпекулации, и ги демантира овие тврдења и побара да приложат извештај во кој пишува дека автобусот е неисправен.