Возачот кој ја прегази Викторија од Радовиш кај „Сити мол“ призна вина

by fokus

Возачот кој во јануари оваа година ја прегази 24-годишната Викторија од Радовиш, Јордан Ѓорѓиев на денешното рочиште призна вина за сообраќајната несреќа кај „Сити Мол“.

Тој пред судијката Љубинка Бошевска признава вина и многу се кае за стореното дело.

Таа истакна дека е потребно уште еднаш да се прегледаат доказите па затоа пресудата ќе биде во понеделник во 10 часот.

Ѓорѓиев возел со брзина од 67,3 километри на час што е 17,3 километри на час повеќе од пропишаната брзина.

Во завршните зборови, бранителот Душко Јанковиќ, посочи дека предвид треба да се земе психолошката состојба и каењето на Јордан, кој примал лекови уште од денот кога се случила несреќата.

Адвокатите на семејството Николови пак, повторно побараа да има нула толеранција и да се земе предвид фактичката состојба и очигледните сообраќајни прекршоци.

 

Поврзани новости