Љубиша Видојковиќ кој пред 4 години смртно ја прегази студентката Фросина Цековска на Партизанска, признал вина на расправата во Апелација и ова признание и каење судиите во пресудата го навеле како едно од олеснителните околности поради кои второстепениот суд му пресудил 3 години затвор наместо 4 како што одлучи Кривичниот суд, пренесе Телма.
Како една олеснувачка околност за Видојковиќ судиите го сметале и тоа што Фросина го поминала пешачкиот премин на црвено светло, а се наведува и дека бил неосудуван, неоженет па и возраста од 30 години.
Според претходната пресуда на 03.04.2015 годинa, судот одлучи дека Видојковиќ како учесник во сообраќајот не се придржувал кон прописите, возилото го управувал под дејство на алкохол, со концентрација од 1,133 грам промили алкохол во крвта и со брзина од 85 км на час и удрил во Цековска.
Првата пресуда на Кривичен беше 6 ипол години затвор за Видојковиќ. Апелација ја укина и ја врати на повторно судење по што Кривичен му пресуди 4 години затвор.
По жалбите предметот пак дојде во Апелација која овој пат му пресуди 3 години затвор, една година под законскиот минимум за кривичното дело тешки дела против безбедноста во сообраќајот.