Единствена причина за автобуската несреќа во Бугарија во која животот го загубија 45 македонски државјани е човечка грешка на возачот. Ваков е заклучокот од истрагата која ја спроведоа истражителите во Бугарија.
Истражителот Младен Петров во изјава за БНТ кажа дека истрагата е завршена, а поради непостоење на виновно однесување, случајот речиси сигурно ќе биде затворен.
Петров ги отфрли сите теории дека во автобусот имало запалливи течности.
Истражителите исто така ја отфрлија и верзијата дека лошото сообраќајно означување можеби е причина за несреќата.
Во страшната несреќа на автопатот Струма животот го загубија 45 македонски државјани кои се враќаа од патување од Истанбул. Македонските власти открија неправилности во работењето на компанијата „Беса-транс“, и ја одземаа лиценцата за работа. Кобниот автобус без дозвола за превоз на патници 135 пати ја поминал границата, а поради тоа суспендирани се двајца цариници, а нивниот раководител беше казнет. Против нив се уште се води дисциплинска постапка.