Возач тешко повреден откако удрил во ограда од мост во радовишко

by Fokus

66-годишник со „опел“ удрил во ограда од мост во радовишко при што се здобил со тешки телесни повреди.

– На 17.11.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш-село Ораовица, на место викано „Рудина“, И.Ѓ.(66) од село Јаргулица, радовишко, управувајќи патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда од мост, соопшти полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Радовиш.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Поврзани новости