4
Вчера во 21:55 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Прилепски бранители“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа. Во несреќата, патничко моторно возило удрило во 73-годишната В.М. од Прилеп и го напуштило местото на настанот.
Пешакот се здобилa со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница Прилеп, каде што повредите биле констатирани. Полицијата презема интензивни мерки за да го расчисти случајот и да го пронајде возачот кој го напуштил местото на несреќата.
Граѓаните кои можат да помогнат со информации за случајот се повикуваат да се обратат во најблиската полициска станица или на телефонскиот број за итни случаи.