Возач повреди малолетничка и избега, девојчето заврши во болница

by Fokus

Скопската полиција извести дека синоќа околу 22.30 часот е пријавено на булеварот „Борис Трајковски“ возило „алфа ромео“ удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот избегал од местото на незгодата.

Малолетничката е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот.

Поврзани новости