229
Автомобил излетал од локалниот пат за кичевското село Бигор Доленци, при што загинал возачот.
Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера утрото, а автомобилот бил марка „мерцедес“ со австриски национални ознаки.
Од увидот, извршен по наредба на јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за Е.Л.(49) од селото Лисичани, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. По завршената обдукција било утврдено дека смртта кај возачот настапила пред несреќата.