Возач од Валандовско со 3.53 промили алкохол во крвта застанал на лента за престигнување, уапсен е

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б.(45) од село Јосифово, Валандовско.

Околу 22.00 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“, со гевгелиски регистарски ознаки, застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот.

Тој бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување помош во Итна медицинска помош Неготино било констатирано дека има 3.53 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Поврзани новости