Возач од Ваксинце прегази жена во Куманово

by Fokus

МВР информира дека вчера наутро во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул. „Гоце Делчев“ и бул. „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(69) од село Ваксинце, општина Липково, удрило во С.Д.(62) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., констатирани во Ургентен центар Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Поврзани новости