Во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на туристичка агенција, кој сообраќал на релација Скопје-Копер, Словенија откриен е 1.091 грама хероин, а во притвор заврши возачот, триесет и едногодишен жител на скопското село Никиштане.
– На 2 февруари, на излез од државата на граничниот премин Табановце, тој неовластено заради продажба држел и пренесувал наркотична дрога – хероин. Во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на туристичка агенција, кој сообраќал на релација Скопје-Копер, Р.Словенија, осомничениот во горниот багажен дел од автобусот, во најлонска кеса, пренесувал вкупно 1.091 грама хероин, се наведува во соопштението од Службата за односи со јавноста во Jавно обвинителство на Република Северна Македонија.
Судија на претходна постапка донесе решение со кое му определи притвор во траење од 30 дена.