Возач на автобус нападнал патник

by Фокус

Возач на автобус на ЈСП синоќа нападнал патник, соопшти МВР.

Според информациите од полицијата, на настанот претходело недоразбирање.

Возачот, кој физички нападнал патник во автобус на линијата 24 ќе биде суспендиран, информираат од ЈСП „Скопје“.

Од ЈСП „Скопје“ соопштија дека веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот.

Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место.

Поврзани новости