Возач на 52-годишна возраст излетал од патот Тетово-Скопје откако му се слошило, а во тетовската болница била констатирана смрт.
„Во 18 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека движејќи се со патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки по автопатот Тетово-Скопје, на Ш.Ј. (52) од тетовски Копачиндол, кој го управувал возилото, наеднаш му се слошило и излетал од коловоз. По излетувањето тој и сопатникот А.И.(62) од истото село пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, а лекарите констатирале смрт на Ш.Ј. додека сопатникот завршил со лесни повреди, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид, а телото на починатиот предадено му е на семејството.