520
Двајца жители на тетовското село Порој се полесно повредени во сообраќајна несреќа кога во нивниот автомобил „цитроен“ удрил воз кој се движел на релација Скопје-Кичево.
Сообраќајката се случи вчера околу 18 часот на железничкиот премин кај селото Порој, при што автомобилот е целосно уништен.
„Во сообраќајката се повредени Б.С (22) и Б.Н (39) и двајцата од селото Порој. Биле однесени во Клиничката болница во Тетово, но по дадената лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Поради несреќата до 20:20 часот железничкиот сообраќај беше во прекин“, велат од СВР Тетово.