1.3K
Патнички воз излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река.
Несреќата се случила утрово околу 7 часот, но за среќа, нема повредени патници, објави Плусинфо од извори од Македонски Железници-Транспорт.
Станува збор за патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници.