409
Бројот на загинатите лица во железничката несреќа во Турција се искачи на 24, додека повредени се 338 луѓе.
Спасувачка мисија заврши утрово и сите повредени се однесени во болница.
Пет вагони од патнички воз вчера излетаа од шините во провинцијата Такирдаг во северозападна Турција, во близина на границата со Грција.
Возот тргнал од Истанбул, а несреќата се случила во близина на селото Сарилир.
Причините за несреќата засега официјално не се соопштени, но според телевизјата Си-Ен-Ен Турк, таа била предизвикана при уривање на мост.