Најмалку 19 лица загинаа, а 50 се повредени кога воз излета од шините и се преврте во јужен Пакистан, соопштија властите.
Неколку вагони на железничката компанија Хазара експрес се превртеа на станицата Сахара во Навабшах, на околу 275 километри од Карачи.
Повредените се префрлени во околните болници додека спасувачките тимови се обидуваат да ги ослободат заробените во смачканите вагони.
Во главните болници во Навабшах и соседните области на Синд е воведена вонредна состојба поради приемот на голем број повредени.
Во Пакистан, железничките несреќи се вообичаени поради застарениот железнички систем.
Еден од најтешките во последно време се случи во 2021 година, кога најмалку 40 лица загинаа во судир на два воза во провинцијата Синд.
Од 2013 до 2019 година, 150 луѓе ги загубија животите во железнички несреќи во Пакистан.