620
Туристичкото вовче ,,Гроздоберко” веќе десеттина дена е пуштено во функција и ги радува најмладите во Кавадарци. Вози по пешачката патека во Моклиште, а освен деца, се возат и возрасни.
Вовчето кое е атракција во градот е донација од градоначалникот Митко Јанчев, односно од неговата семејна компанија ,,Кожувчанка” и изнесувало 25.000 евра.
Го донирал на општината со цел децата да се забавуваат, а градот да има повеќе интересни содржини.
Билетите за возење со ,,Гроздоберко” се продаваат по цена од 50 денари, а за децата до три години возењето е бесплатно.
Вики Клинчарова