Направен е пијалак од житарки, но и со вода земена од забранетата област околу оштетената нуклеарна електрана во Чернобил кој е наречен „Атомик”.
Идејата била на професорт од британскиот Универзитет на Портсмут, Џим Смит, кој и почнал со одгледување житарки во забранетата зона.
– Нашата идеја уште тогаш беше да го искористиме зрното за да направиме алкохолен пијалак… Треперам додека го пијам, вели Џим додека крева едно од своите шишиња, раскажува проф. Смит.
Тој тврди дека вотката не е радиоактивна.Тоа го потврдиле и научниците од хемиската лабораторија во Универзитетот Саутемтон.
Со помош на „коктел-познавачи“ од еден бар во Лондон, „Атомик” го споредуваа со други вотки. Дегустаторот Сем Армај сета дека тоа е „пијалак во којшто повеќе се чувствува зрното, отколку алкохолот“.