По пристигнувањето на полицијата утрово од пругата се повлекоа демонстрантите во Белград.
Тие вчера ја блокираа пругата на железничката станица Нов Белград за време на протестот против најавата за ископ на литиум.
На железничката станица во Белград утринава имаше околу 50 демонстранти на пругата, каде имаа шатори и транспаренти, а бидејќи на местото беше испратена полициска бригада, демонстрантите се оддалечија кон околните улици.
Мала група луѓе останаа на паркингот, некои од нив спиеја во своите автомобили.
Учесниците на протестот против најавата за ископ на литиум и компанијата Рио Тинто синоќа блокираа две железнички станици во главниот град, а помали групи луѓе останаа на станиците „Прокоп“ и „Нов Белград“.
Организаторите претходно најавија дека нивно барање е да се донесе закон за трајна забрана за ископ на литиум и бор во Србија, а еден од организаторите, претседателот на здружението „Не го даваме Јадар“, Златко Кокановиќ изјави дека блокадите ќе траат додека не се исполни тоа барање.
Сообраќајот во центарот на градот е воспоставен, а деблокиран е и сообраќајот на автопатот кај мостот Газела.