Воспитувачка во градинка во Велес им давала на децата да пробаат електронска цигара

by Fokus

Воспитувачка во градинката „Димче Мирчев“ во Велес им давала на дечињата да консумираат чад од електронски цигари, објави тв Телма.

Според информациите, сето тоа траело извесно време се додека неколку од децата не се пожалиле на болки во градите и им раскажале на родителите што се случувало.

Родителите со заверени изјави се обратиле кај директорката на градинката која веднаш ја суспендирала од работното место и покренала дисциплинска постапка против воспитувачката.

„Информнацијата е точна. Негувателката е суспендирана и покрената е дисциплинска постапка. Имаме изјави од родителите, а земени се изјави и од вработени и раководител на објектот“ – изјавила за тв Телма – Маја Велинова, директорка на градинката.

Поврзани новости