Восочната фигура на Ед Ширан, лоша копија на познат политичар

by Fokus

Музејот на восочни фигури „Паноптикум“ од Хамбург го претстави новото засилување во составот, музичарот Ед Ширан, што предизвика бурни реакции на Твитер.

Восочна фигура на музичар со разбушавена коса која држи гитара може да изгледа како оригинал од далечина, додека не се приближите малку.

„Зошто личи на Борис Џонсон? еден твитерџија праша, додека друг додаде: „Зошто Борис Џонсон носеше маска? „Изгледа како Шаги од Scooby Duo“, коментираше трет, додека четвртиот напиша: „Некој треба да биде отпуштен“.

„Ова е морничаво“, „Што ако трепне?“, „Остар е“ и „Оваа восочна фигура повеќе личи на Ед Ширан отколку на Ед Ширан“, се дел од коментарите.

Поврзани новости