611
Денеска се објавени три „бомби“, на кои може да се слушне гласот на носителот на листа во третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Двајцата договараат исклучување на лифтови во згради додека граѓаните одат на гласање. Снимките се објавени на Јутуб каналот „Обнова на режимот“
Обвјавените „бомби“ се стари неколку години, од кои дел беа употребени како доказен материјал во случајот „Титаник“, односно за изборните манипулации на ВМРО-ДПМНЕ.
Во една од разговорите се случа како Јанакиески го прашува Јанушев како е задоволен од изборите, а во друга „бомба“ пак двајцата соговорници договараат исклучување на струјата во одредени места во точно одредено време.