Вооружени разбојници ја ограбиле „Халк банка“ на Качанички пат

by fokus

Во СВР Скопје денеска околу 13 часот било пријавено дека во банка на улица „Јадранска магистрала“, непознати сторители извршиле разбојништво и со закана со оружје од сефот одзеле неутврдена сума пари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Според првичните информации ограбена е екоспозитурата на „Халк банка“ на Качанички пат кон Визбегово, кога пет вооружените лица влегле во банката и им се заканиле на вработените, потоа одзеле непозната сума пари и избегале од местото со автомобилот со кој биле и дојдени пред да го извршат грабежот.

Поврзани новости