Вооружени напаѓачи киднапирале автобус со 31 мигрант во северно Мексико

by fokus

Мексиканските безбедносни служби трагаат по 31 мигрант кои во саботата биле киднапирани од вооружени лица додека патувале со автобус до американската граница преку северната држава Тамаулипас, соопштија вчера властите.

Од канцеларијата за државна безбедност изјавија дека автобусот тргнал од индустрискиот град Монтереј, а неговата дестинација бил градот Матаморос, спроти Браунсвил, Тексас. Меѓутоа, на автопатот во општина Рејноса, тој бил пресретнат од криминалци во пет автомобили.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор вчера изјави дека се во потрага по мигрантите и се надева оти денеска ќе дадат повеќе информации.

Киднапирањето се случи и покрај тоа што мексиканските власти ги зајакнаа контролите долж автопатите во Тамаулипас ​​за време на божиќните и новогодишните празници, кога илјадници Мексиканци кои живеат во САД се враќаат да го посетат семејството во Мексико.

Поврзани новости