Вооружени лица утрово ограбиле банка во Чаир, едно лице повредено

by fokus

Вооружени лица утрово извршило разбојништво во „НЛБ банка“ на ул „Ферид Бајрам“ во скопско Чаир, при што се одземени засега непозната сума пари.

Во МВР настанот е пријавен во 10.30 часот и како што појаснуваат дека при разбојништвото имало пукање од огнено оружје, но нема повредени.

Од страна на разбојниците физички е повреден Е.Е. 26 години вработен како обезбедување во банката.

Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.

Поврзани новости